fbpx

Канадска веб-страницата за имиграција се сруши од многу посети по победата на Трамп

-

Канадската веб-страна за имиграција www.cic.gc.ca/website се урна од преголема посетеност од страна на Американците за време на одржувањето на претседателските избори, јавуваат светските медиуми.

Американците се шегуваа дека ќе се преселат во Канада доколку победи Трамп, но таа нивна шега голем број од нив сериозно ја сфатија. Тие масовно почнале да ја посетуваат веб-страницата за имиграција откако за време на гласањето било објавено во кои држави Трамп води пред Клинтон.

Во февруари се појави информација дека на островот Кејп Бретон на атлантскиот брег на Канада се продаваат мирни засолништа за Американците кои сакаат да се преселат, доколку Трамп се всели Белата куќа.

Адвокатот за имиграција Џоел Сандалук  од Торонто, изјави дека обемот на работа значително се зголемил во последните неколку месеци.

Канада нуди можност за мигрантите да работат таму или да се преселат со целото семејство. Оваа држава во последните неколку месеци води политика за преземање бегалци од голем број земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...