fbpx

Талески бега и од новинарски прашања и од „герилци“

-

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска на прес-конференција не им дозволи на новинарите од Битола да му постават прашање.

Откако го заврши официјалниот дел од прес-конференцијата со спортисти од Битола, Талески се повлече зад камерите и ги остави гостите да даваат изјави. По завршување на прес-конференцијата, една од новинарките се обрати до Талески дали може да му постави прашање на друга тема.

– Не, денска не може – експресно одговори градоначалникот, без го слушне прашањето.

Талески не се појави во петокот на закажан настан во селото Логоварди, на отворање на спортско игралиште. Тогаш домаќините го чекаа со подготвен говор за добредојде, а претходно настанот и присуството на градоначалникот беа најавени од неговиот кабинет.

Група битолчани таму го чекаа со герила-акција, со транспаренти и со порака „да се навикне на тесен простор“. На настанот забележливо беше засилено присуство на полицијата и на друго обезбедување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...