fbpx

Манчевски: Груевски прв да го замени „мерцедесот“ од 600.000 евра со електричен автомобил

-

Ако обвинетиот Груевски навистина веруваше во електрични автомобили и самиот ќе нарачаше еден наместо да нарачува луксузни „мерцедеси“ од 600.000 евра, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, како реакција на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за нови мерки во областа на автомобилизмот и заштита на животната средина.

– Доцна е Груевски да ветува мерки со кои покажува лажна грижа за животната средина. Изминатите години Груевски и Коце Трајановски целосно го уништија зеленилото во главниот град и секаде каде што стигнаа, направија Скопје, заедно со Тетово и со Битола, да биде меѓу најзагадените градови во Европа. Впрочем, и во делот на гасификација на Македонија, само Струмица и Куманово се единствените два гасифицирани града во Македонија каде што СДСМ има градоначалници од своите редови. Вистинската гасификација на Македонија ќе се случи по изборите на 11 декември од владата предводена од СДСМ – вели Манчевски.

Манчевски рече дека Груевски знаел само да спроведува пропаднати проекти чијашто единствена цел е неговата јавна промоција и сликање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...