Бомбаш-самиубиец денеска се саморазнесе во трговска улица во Багдад, усмртувајќи седум лица и ранувајќи 28 други, соопшти полицијата.
Нападот се случил во западниот багдадски кварт Искана, кој е претежно населен со шиити.
Исламска држава, која ги губи своите територии во Ирак, годинава ги интензивираше бомбашките напади во областите кои се под контрола на ирачките власти. Иако ја губи контролата, сепак голем дел од северот и од западот на Ирак, вклучувајќи го и градот Мосул, се во рацете на ИД.