fbpx

Почна пријавувањето за „Новогодишни бои на Скопје“

-

Градот Скопје и годинава, во рамките на новогодишните и божикните свечености, ја организира веќе традиционалната манифестација „Новогодишни бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и за најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот, од 9 до 22 декември 2014 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на интернет-адресата [email protected] или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Град Скопје и годинава, традиционално, избира најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно) и најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија која ќе биде составена од претставници на медиумите.

Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10.000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории, а „ЕВН – Македонија“ ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за декември 2014 година.

Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од „ЕВН – Македонија“, на крајот на декември.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...