fbpx

Дете на возраст меѓу 12 и 14 години го извршило терористичкиот напад во Турција

-

Бомбашот-самоубиец, кој во нападот на свадба во турскиот град Газиантеп уби 51 и повреди 100 лица, бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години, информирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а пренесуваат светските медиуми.

На местото на нападот денеска биле пронајдени остатоци од експлозивот, јавуваат локалните медиуми.

Ердоган исто така изјавил дека, не прави разлика меѓу муслиманскиот проповедник во егзил Фетулах Гулен, кого го обвинува дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули, Работничката партија на Курдистан и организацијата Исламска држава, која според него, најверојатно стои зад овој напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...