fbpx

Притвор за две лица за производство и за продажба на марихуана

-

Судија на претходна постапка на две лица им одредил 30 дена притвор за неовластено производство и за пуштање во употреба на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се товарат за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и од судијата на претходна постапка до Основниот суд Скопје 1 побарал на лицата да им одреди мерка притвор.

Како што пишува во соопштението на Јавното обвинителство, осомничените во четвртокот биле пресретнати на магистралниот пат Ресен – Охрид. Двајцата биле со различни возила.

„Кај осомничениот Б.Д., кој го управувал патничкото моторно возило марка „опел зафира“ со гевгелиски регистарски таблички, биле пронајдени 29,725 килограми наркотична дрога марихуана, додека осомничениот М.А., поранешен полицаец, со патничко моторно возило „пежо 607“ со гевгелиски регистарски таблички, бил во улога на чистач на патот. Осомничените организирале мрежа на препродавачи и дистрибутери на наркотична дрога со непознати лица од Република Албанија. Дрогата требало да ја преземе лице од Албанија и да ја дистрибуира од Охрид преку Градско до Велес“, пишува во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...