fbpx

Ердоган: И Турција би можела да распише референдум за ЕУ

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, е лут поради односот на Брисел кон Анкара и вели дека и Турција би можела, исто како и Велика Британија, да распише референдум за прашањето дали земјата треба да биде членка на ЕУ.

– И ние би можеле да ги прашаме граѓаните дали треба да продолжиме со преговорите со ЕУ или да ги окончаме. Ако народот рече „продолжете“, тогаш ќе продолжиме – рече Ердоган.

Турскиот претседател ја обвини ЕУ дека не сака неговата земја да стане членка затоа што Турција е „држава со мнозинство муслиманско население“.

Ердоган рече дека на Турција ѝ е ветено членство во 1963 година, кога Анкара и Брисел првпат потпишале договор за приклучување, но 53 години подоцна, ништо не се случило.

– Зошто одолжувате? – праша Ердоган.

Официјална Анкара бурно реагираше на коментарот на британскиот премиер, за време на предреферендумската кампања, во која Дејвид Камерон рече дека Турција нема да стане членка на ЕУ до 3000 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...