fbpx

Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

-

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава.

Предлогот за одложување на расправата за некоја од следните седници била на судијата Сали Мурати, кој не присуствувал на денешната седница. Уставните судии со осум гласа „за“ одлучиле да ја тргнат оваа точка од дневниот ред на седницата.

Ова е вторпат уставните судии да ја одложат расправата за оваа иницијатива, која до судот во март ја поднел струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување на крстот не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

Претходно, за крстот во Бутел уставните судии требаше да расправаат на седницата што се одржа на 31 мај, но тогаш точката беше повлечена од дневниот ред од судијата известител Владимир Стојановски, кој без посебно образложение рекол дека таа ќе се разгледува на некоја од следните седници.

Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес (СМК), предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба, на што со контрапротести одговори СМК, чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...