понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: одложена | 20 резултати

Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство за правда

декември 11, 2017

Амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците која денеска требаше да почне во собраниската Комисија за европски прашања е одложена, поради, како што соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби, неприсуството на претставници од Министерството за правда. Како што соопшти Груби, тој добил известување од министерот за правда, Билен Саљији дека е во Летонија, и дека […]

Повторно одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

декември 1, 2017

Собранието извести дека и денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, која требаше да почне во 11 часот, е одложена. Денеска беше четвртиот обид да почне првото продолжение на 20. седница на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на која на дневен ред е расправата за предлог-буџетот за 2018 година, но […]

Одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

ноември 28, 2017

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, која беше закажана за денеска во 11 часот, се одложи на неодредено, информираат од собраниските служби. На седницата треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој утринава беше […]

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

ноември 27, 2017

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа […]

Одлуката за прислушувањето преку телеком-операторите ќе чека Уставен да се екипира

септември 27, 2017

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за уставноста и за законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори. Како што изјавија за „Мета“ од Уставниот суд, одлучувањето по ова точка е одложено бидејќи судот работи во […]

Врховниот суд повторно ја одложи јавната седница за „Монструм“

септември 12, 2017

Врховниот суд денеска по четврти пат ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, бидејќи полицијата не можела да донесе едно од осудените лица од затвор. Јавната седница, на која треба да бидат разгледувани и да се одлучува по жалбите на шесттемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, овојпат е презакажана […]

Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил болен

јуни 8, 2017

Јавната седница на Врховниот суд на која треба да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, а која беше закажана за утре, повторно е одложена, овојпат на барање на еден од адвокатите, кој бил болен. Претходно седницата требаше да се одржи на 30 мај, но петчлениот Кривичен совет на Врховниот […]

Врховниот суд ја одложи седницата за користењето на „бомбите“ како докази

април 18, 2017

Врховниот суд на Република Македонија ја одложи денешната седница на која, според најавите, судиите требаше да расправаат за употребата на „бомбите“ како докази во судските постапки и за тоа кој може да поднесува барања за заштита на законитоста. Според информации од Врховниот суд, седницата била одложена бидејќи дел од судиите биле на боледување и таа ќе […]

Утре нова координација за избор на претседател на Комисијата за избори и за именувања

март 22, 2017

Ниту по паузата парламентарните политички партии денеска не постигнаа договор за претседател на собраниската Комисија за избори и за именување и ја одложија координацијата за утре во во 12 часот. Изборот на претседател на Комисијата е основа за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која треба да биде избран претседател на законодавниот […]

Вангеловски се сретна со Зврлевски и со Додевски, Јанева му одложи

март 21, 2017

Новиот претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска во највисокиот суд во државата, на негова покана, имаше оделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски. Вангеловски во 13 часот требаше да одржи средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но поради неодложни обврски […]

Иванов ја одложи посетата на Австралија

март 16, 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, […]

СЈО е подготвено да се произнесе за „Шпион“, седницата на Апелација повторно одложена

јули 19, 2016

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“, на која денеска требаше да се разгледуваат жалбите на обвинетите, повторно беше одложена. Судијката Љиљана Ивaновска-Шопова, која претседавата со Советот, денеска, како што пренесува „Академик“, прочитала известување од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста врз предметот, во кое било наведено дека тие се подготвени да се […]

Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

јуни 22, 2016

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава. Предлогот за одложување на расправата за некоја од следните седници била на судијата Сали Мурати, кој не […]

Одложена седницата на Апелација за „Шпион“

декември 18, 2015

Седницата на Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ денеска повторно е одложена. Причина за одложувањето официјално беше отсуствoто на адвокатите на дел од обвинетите. Одбраната истовремено доставила барање предметот да го преземе Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите имаат поднесено жалби на првостепената пресуда, со која сите беа осудени на затворски казни. Првообвинет во судскиот процес е поранешниот разузнавач […]

Откажана денешната средба на работната група за Договорот од Пржино

јули 27, 2015

Средбата на работната група од претставниците на политичките партии за Договорот од Пржино е откажана. Засега нема информации која е причината за откажувањето на средбата. Од канцеларијата а ОБСЕ во Скопје тврдат само дека до нив стигнала информација дека  средбата нема да се одржи, но и тие не ја знаат причината за тоа. Теми на разговор […]

Седницата за уставните амандмани ќе продолжи в петок

јануари 21, 2015

Седницата на која пратениците ќе расправаат за уставните амандмани ќе продолжи в петок. Откако ја завршија расправата за амандманот 37 од Уставот, со кој се дефинираат максимумите до кои може да се движат буџетскиот дефицит и јавниот долг, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Пратениците расправаа за амандманот со кој се одредува дефицитот […]

Страна 1 од 1