Од Градскиот ракометен клуб Охрид информираат дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на корона вирусот. Заболените од ковид-19 се изолирани и се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Следниве денови ќе бидат тестирани и преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

Од клубот со апел до останатите клубови да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните здравствени институции.

Инаку, претходно натпреварот од третата рунда во Супер лигата помеѓу екипите на Охрид и РК Радовиш беше одложен, а Групата А е ставена во мирување 15 дена после позитивните случаи на ковид-19 во тимот на Голден Арт КЛ7.