fbpx

ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на обезбедувањето на Груевски

-

Либерално-демократската партија соопшти дека е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Од партијата велат дека упадот на полициските службеници во просториите на „ТВ21“, за бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија, е одлика на автократски и на недемократски општества.

„Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, дали со оваа провокација свесно и намерно ја влошуваат и онака уништената слобода на независното и непристрасно информирање во државата? ЛДП најсилно го осудува овој чин на насилство и бара санкционирање на припадниците на МВР кои ги пречекориле своите овластувања и ингеренции. Овој настан е уште еден доказ за издржаноста на барањето на ЛДП за декриминализација и за департизација на безбедносните служби од лица со криминално досие, кои работат во служба на партијата, а не на државата“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...