fbpx

„Лекари без граници“ одбива финансиска помош од ЕУ поради третманот на мигрантите

-

Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ нема повеќе да ја прифаќа финансиската помош од Европската Унија и од земјите членки во знак на протест поради нејзината политика кон мигрантската криза.

Во соопштението на организација се наведува дека во знак на протест поради „срамната политика на заплашување и на засилените напори за да се одвратат луѓето од европскиот брег“, „Лекари без граници“ нема да примаат донации од ЕУ. Организацијата се противи на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бранот бегалци.

Минатата година „Лекари без граници“ од институциите на ЕУ и од земјите членки доби 56 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...