fbpx

„Шарена револуција“ денеска напладне ќе блокира три моста

-

„Шарената револуција“ денеска во 12 часот ќе блокира три мостови во Скопје – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ).

„Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите сè уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични пријави. СЈО сè уште е под закана! Демонстрантите сè уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност“, велат од „Шарената револуција“.

Вчера демонстрантите на „Шарена револуција“ на протестот пред Влада ги обоија двете коловозни ленти на булеварот Илинден, притоа цртајќи триаголник, на чии страни испишаа „слобода, еднаквост и правда“. Во средината на триаголникот го испишаа бројот три, кој означува уште колку дена има до истекот на рокот за исполнување на нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...