fbpx

Шилегов: Исполнети се условите за преговори за избори наесен

-

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска во Собранието на Република Македонија.

– Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори – рече Шилегов.

Пратеникот на ДУИ, Рафиз Алити, смета дека за фер избори најпрво треба да се подготви политичкиот амбиент во државата.

– Мислам дека лидерски средби треба да се одржуваат затоа што се во интерес на граѓаните, а за фер избори најпрво мора да се создаде политички амбиент – рече Алити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...