fbpx

Четиринаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Турција

-

Четиринаесет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција.

Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици.

Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување.

При спасувачките операции пронајдени се 14 тела.

Се смета дека возачот на автобусот е, исто така, меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.

Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...