fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за медиумски слободи

-

СДСМ нема кредибилитет да зборува за медиумски слободи и за закани кон новинари, кога токму тие се организатори на хајки кон медиумски куќи и новинари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија.

Од владејачката партија наведуваат дека „за време на насилните протести организирани од СДСМ и од Сорос беа каменувани и оштетени просториите на „Радио Слободна Македонија“, а беше нападнат и повреден новинар“. Од партијата наведуваат дека насилството врз новинари за време на протести организирани од СДСМ не е ново.

„Лидерот на СДСМ ги прогласи за политички непријатели телевизиите и весниците што не се дел од мрежата за ширење на манипулациите од Бихаќка и за истите предлагаше драконски парични казни и одземање на лиценците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека функционери на СДСМ секојдневно поднесуваат кривични пријави против новинари и медиуми, само поради тоа што не ги координираат своите прилози и текстови со СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција одобри екстрадиција на осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска: Љупчо Палевски – Палчо

Турската власт ја дозволи екстрадицијата Љупчо Палевски - Палчо, првоосмоничениот во двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, соопшти Министерството за правда. На 6 декември 2023...