fbpx

Бројот на загинатите во Еквадор порасна на 570 лица

-

Бројот на загинатите во катастрофалниот земјотрес, кој во саботата вечерта го погоди Еквадор, се зголеми на 570 лица, а новиот потрес им ја отежна потрагата на спасувачките екипи по преживеани, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.

Тој додаде дека досега се идентификувани 526 лица, а уште 163 се водат како исчезнати. Повредени се 7.015 лица, а бројот на настраданите веројатно ќе се зголемува.

Земјотреси од 6,1 и 6,3 степени според Рихтеровата скала се случија четири дена по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој го опустоши пацифичкиот брег на Еквадор.

– Се почувствуваа два потреса во временска разлика од неколку секунди – рече директорот на Геофизичкиот институт на Еквадор, Марио Руис.

Од саботата се забележани повеќе од 500 нови потреси, кои може да потраат повеќе дена и ја отежнуваат работата на спасувачите.

Новите потреси ноќеска предизвикале паника меѓу спасувачите и граѓаните, но не предизвикаа штета.

Повеќе од 900 спасувачи, пожарникари и лекари од 20 земји интензивно трагаат по преживеани.
Кореа предложи формирање единствен орган за следење природни катастрофи на ниво на цела Латинска Америка.

Земјотресот во Еквадор е најразорниот во Латинска Америка од 2010 година, кога во катастрофалниот потрес на Хаити загинаа меѓу 200.000 и 250.000 лица.

Епицентарот бил на 27 километри југоисточно од Муисне, слабо населено подрачје кое е популарно меѓу туристите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...