fbpx

Клинтон и Трамп со убедлива победа на предизборите во Њујорк

-

Хилари Клинтон добила доверба од 60 отсто од демократите, додека њујоршкиот милијардер оствари голема победа во својата матична држава, со што доби силен ветер во едрата, освојувајќи 1.237 гласови од партискиот електорат, кои му се потребни за номинација.

Клинтон веќе еднаш ја претставуваше оваа држава како сенаторка во американскиот Конгрес. Таа со победата си ги зголеми своите шанси за партиска претседателска номинација, а му ги намали изгледите на ривалот Берни Сандерс.

Предизборите во Њујорк биле проследени со нерегуларности, така што повеќе од 125.000 лица исчезнаа од избирачкиот список на државата, во која се проценува дека на предизборите излегуваат околу четири милиони гласачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...