fbpx

Ахмети – Пломп: ДУИ останува посветена на Договорот од Пржино

-

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.

„Претседателот Ахмети и амбасадорот Пломп разговарале за политичката криза во земјава и за можностите за надминување на сериозната политичка ситуација. Ахмети повторил дека одлуката за помилување на политичарите на претседателот Ѓорге Иванов е неприфатлива и оти треба веднаш да биде повлечена. ДУИ останува посветена на спроведувањето на Договорот од Скопје и смета дека оваа ситуација може да се реши само преку волјата на граѓаните изразена на слободни, демократски и веродостојни избори. Земјата се соочува со тешки денови и тоа е одговорност на сите политички партии да се посветат за ставање крај на оваа криза, која влијае на секојдневниот живот на граѓаните и на евроатлантските аспирации на земјата“, заклучил Ахмети, стои во соопштението од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...