fbpx

Скопското обвинителство поднесе обвинение против Захир Бекири – Чауш

-

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицата З.Б. и И.Б. кои се товарат за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа и злоупотреба на лични податоци, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во соопштението на Обвинителството лицата се наведени со иницијали, но извесно е дека првоосомничениот во случајот за кој е поднесено обвинение е Захир Бекир, познат по прекарот Чауш.

Против Бекири и против уште неколку лица Обвинителството во декември, минатата година отвори предмет познат како „Фабрика за фалсификувани лични карти“.

„Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, беа координирани и раководени од надлежни јавни обвинители. Во постапувањето беше прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и беа испитани голем број на сведоци“, стои во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...