fbpx

Светскиот македонски конгрес ќе протестира пред МВР

-

Светскиот македонски конгрес (СМК) упати јавен повик за мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во Скопје, за денеска во 13 часот.

– СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела – стои меѓудругото во соопштението од СМК.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ апелираат сите оние кои ќе излезат и ќе го поддржат граѓанскиот протест кој се најавува за денеска, да се однесуваат мирно и одговорно, со сиот респект кон државните институции.

– ВМРО-ДПМНЕ го разбира гневот и револтот на граѓаните, бидејќи истите се сведоци дека техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не стори ништо за да ја заштити нивната безбедност и да обезбеди владеење на правото во Општина Бутел, иако тоа му е обврска и за тоа е платен од граѓаните – стои во соопштението од владејачката партија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата. Приведени се двајца...