fbpx

Бунтовниците го бомбардираа Алепо – 18 загинати

-

Во бунтовничките напади на делови на Алепо кои се под контрола на сириските власти, во последните 24 часа загинаа 18 лица, соопшти државната агенција САНА.

Осум лица загинаа кога бунтовниците, кои ги поддржува Саудиска Арабија и Турција го бомбардирале Џамили, дел од Алепо, најголемиот град во Сирија.

Повеќето жртви биле пензионери, наведува САНА, откако бомбите паднале во близина на зграда на пошта каде лицата дошле да ја подигнат својата пензија.

Синоќа бомбардирани биле областите Захра и Шеик Максуд во Алепо, при што загинаа 10 лица. САД и Русија постигнаа договор за примирје кое би требало да се применува од сабота.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...