fbpx

Ванхауте: Ако има добра волја, договор може да се постигне за неколку часа

-

Очекувам денеска да се постигне напредок и политичките партии да се договорат за реформите во медиумите, изјави олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на денешната последна средба пред истекот на рокот за договорот околу реформите во медиумите.

– Се надевам на напредок во преговорите и на конструктивност од сите партии. Денеска ќе разговараме за двете спорни прашања околу мандатот и членовите на Агенцијата за медиуми и за владините реклами во медиумите. Ако има добра волја, договор може да се постигне и за неколку часа. Сепак, ние ќе работиме напорно за конечно да постигнеме договор – изјави Ванхауте.

На денешната средба, исто така, ќе учествуваат амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и заменикот на евроамбасадорот, Аиво Орав.

Ванхауте не знаеше дали еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Македонија или, пак, претставници на политичките партии ќе одат на разговори во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...