fbpx

Кина поставила ракети во Јужното Кинеско Море

-

Кина неодамна распоредила ракети земја-водух на спорен остров во Јужното Кинеско Море, објавија денеска тајвански и американски претставници.

Според сателитските снимки од 14 февруари, а кои ги објави „Фокс њуз“, Пекинг распоредил две батерии од осум ракетни фрлачи и радарски систем на островот Вуди или Јонгчинг, во рамки Парацелските Острови.

Претставниците на Тајван, кои, исто така, имаат територијално право на островот, ги потврдија извештаите за распоредување на ракети.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, рече дека информациите се измислица на западните медиуми.

Распоредувањето на ракетите на Парацелските Острови во Јужното Кинеско Море би било спротивно на ветувањата на Пекинг дека нема да врши милитаризација на регионот – рече Хари Херис, командант на американско-пацифичката команда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...