fbpx

Расправии меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на седницата на Комисијата за образование

-

На седницата на Комисијата за образование во Собранието денеска, пратениците од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, членови на комисијата, изгласаа одлука која само тие знаат што е.

Додека заменичката на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Соња Мираковска, процедурално зборуваше на говорница, претседателката на комисијата, Олга Најденовска, читаше одлука од дневниот ред, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја слушаа преку слушалки.

Во салата, додека Мираковска зборуваше, пратениците од СДСМ се обидуваа да ја вразумат Најденовска да не предлага одлуки додека пратеник сè уште зборува.

Најденовска неколкупати ја предупреди Мираковска дека времето за изложување ѝ е поминато и оти ѝ го зема зборот, но пратениците од СДСМ тврдеа дека одлуката за ограничување на говорот на пратениците во оваа комисија е неуставна и го прекршува деловникот.

Претходно процедурано зборуваа координаторите на двете политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и меѓусебно се обвинуваа кој го крши Уставот и деловникот на Собранието.

Комисијата за образование денеска расправаше за формирањето на универзитетот „Дамјан Груев“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...