fbpx

Богатинова за „отказот“: Поздрав до тие што цела ноќ не спиеле и смислувале приказни

-

По објавата на информацијата дека главната уредничка на „Канал 5“, Лидија Богатинова, наводно добила отказ од телевизијата каде што работи и дека од 1 март нема да биде на оваа функција, таа не одговори конкретно дали ова е вистина или не.

– Поздрав до тие што цела ноќ не спиеле и смислувале приказни – изјави Богатинова за „Мета“.

Синоќа, во вестите на „Канал 5“ гостуваше заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а интервјуто на Богатинова предизвика реакции по социјалните мрежи на кои се појавија шеговити хаштази како #PrayForBogatinova, #издржиБогатинова, #селскачешма.

На оваа телевизија неодамна гостуваа и лидерот на опозицијата Зоран Заев, како и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...