fbpx

Заев: Избори ќе има кога ќе се исполнат сите услови

-

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за телевизијата „Канал 5“ соопшти дека на граѓаните, доколку победи на изборите, ќе им понуди транспарентно носење на буџетот и слобода на медиумите.

Интересно е дека во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на Заев: „Ова интервју немаше да се случи доколку не Ви беше наредено“. „Како ми беше наредено?“, праша Заев, но дијалогот заврши без да се реши дилемата дали навистина и кој „му наредил“ на лидерот на опозицијата да се појави на провладината телевизија.

Лидерот на опозицијата не конкретизираше дали останува изборите да се одржат на 24 април годинава, велејќи дека изборите ќе се одржат кога ќе бидат исполнети сите услови и ќе бидат имплементирани сите реформи договорени со Договорот од Пржино.

Во врска со техничките измени, настанати во министерствата со кои СДСМ раководи, рече дека се направени за да се воспостави контрола врз институциите и оти станува збор за професионалци, а не за партиски лица.

Заев, исто така, се осврна и на слободата на медиумите и на застапеноста на владејачката партија во медиумите, особено на „Канал 5“. Тој истакна дека телевизијата го изиграла новиот закон за политичко рекламирање, со тоа што за четири дена за празниците повеќепати емитувала прилози за премиерот.

Во врска со таканаречената фабрика за лични карти и за неговата поврзаност со главниот осомничен, Заев истакна дека тој седел и со Никола Груевски, иако и тој е осомничен криминалец.

– Власта сака да докаже дека СДСМ фалсификувал лични карти. Па, ние ќе победевме да беше така – рече Заев, додавајќи дека постојат признанија дека МВР стои зад печатењето на фалсификуваните лични карти.

Лидерот на опозицијата, исто така, соопшти дека сите материјали ѝ се доставени на специјалната обвинителка Катица Јанева, а дека не ѝ е доставен само записник. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, без разлика дали се работи за премиер, лидер на политичка партија или бизнисмен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...