fbpx

МИА: Станува збор за технички пропуст, работиме професионално и одговорно

-

Еден технички пропуст од технологијата на секојдневното работење на МИА е повод за грст тешки и навредливи зборови срочени во соопштение на СДСМ, стои во реакцијата на државната информативна агенција на соопштението во кое опозициската партија обвинува за цензура.

„Македонската информативна агенција нема волја и потреба да влегува во расправи со политички партии, но, пред сè, заради јавноста, чуствува потреба да одговори на клеветничкото соопштение од СДСМ, диструбуирано до медиумите попладнево. Значи, велиме технички пропуст. Технологијата на нашето работење е на вестите кои се во обработка да се стави назнака „не пуштај“, која стои сè до нивното конечно оформување. Таквата назнака се брише при објавувањето. Овојпат напревен е превид и не е избришана назнаката и веста е објавена и ставена на интернет-страницата на МИА и дистрибуирана до сите наши корисници. Пропустот е воочен по 23 минути и е корегиран. Значи, веста е објавена и не може да се зборува за цензура. Инаку, од каде од СДСМ ќе го видеа тоа?! МИА во целост ги отфрла навредите од односното соопштение и ќе продолжи и понатаму најпрофесионално да ја врши својата функција, подготовка и обработка на вестите за потребите на нашите корисници, односно брзо, точно, непристрасно информирање на граѓаните на Република Македонија. Одбиваме какво било наше понатамошно учество во идните пресметки меѓу партиите и ги молиме да нè остават да си ја работиме нашата работа“, стои во реакцијата на МИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...