fbpx

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори на 24 април

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва добил едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција да не учествуваат на изборите на 24 април.

„СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата. За СДСМ и за коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април. СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април“, велат од СДСМ.

Во врска со учеството на министрите и на замениците-министри на опозицијата во Владата, констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција. Од СДСМ информираат дека централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, таа ќе ѝ биде соопштена на јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...