fbpx

Користењето сигурносен појас во возило се зголемило за 14 отсто

-

За два месеци, од почетокот на кампањата за безбедност во сообраќајот, употребата на сигурносен појас во возило се зголемила за 14 отсто, покажале резултатите од истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Како што соопшти професорот Миле Димитровски од РСБСП, истражувањето е правено по општини и општа оценка е дека на целата територија на Скопје има прогрес и дека возачите прифаќаат дека треба да се зголеми употребата на сигурносни појаси.

– Најслаби резулати има во општина Бутел, додека најдобри се во општината Гази Баба. Набљудувачите сметаат дека Гази Баба е водечка бидејќи станува збор за влез и излез од градот и возачите сметаат дека тука треба да ги користат појасите – изјави Димитровски.

Во руралните средини и малите места, анализите на РСБСП покажале дека има мал пораст во употребата на појасите и овде свеста кај возачите сè уште не е на посакуваното ниво.

Според родовото набљудување, мажите помалку користат појас, а жените повеќе разговараат на мобилен телефон додека возат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...