fbpx

ЕК почнала истрага за новите, контроверзни закони во Полска

-

Европската комисија (ЕК) отворила истрага која треба да утврди дали новите полски закони ги кршат демократските начела на Европската унија (ЕУ), објави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, пренесува „Би-Би-Си“.

Станува збор за измените на законите со кои полската влада ги стави под контрола Уставниот суд и јавните медиуми во земјата.

Механизмите на ЕУ ѝ овозможуваат на Европската комисија да реагира и да наложи на земја-членка на ЕУ да смени каква било мерка за која ќе се утврди дека претставува „систематска закана“ на фундаменталните вредности на ЕУ.

Овој чекор на ЕК следува откако полскиот претседател Анджеј Дуда ги потпиша контроверзните закони што ѝ овозможуваат на конзервативната владејачка Партија на правото и правдата да назначува раководители на јавната телевизија и радио и да избира судии во Уставниот суд.

Полската премиерка Беата Жидло, во обраќање пред парламентот, ги отфрли обвинувањата дека нејзината влада ги прекршила демократските норми, истакнувајќи дека таа ја спроведува програма што Полјаците ја поддржале на изборите во октомври минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...