fbpx

20 милиони евра за проекти во Источна Македонија

-

Фондот на „Балкан Медитеран“, наскоро ќе стане достапен за Македонија, со што се проширува можноста за учество во проектите за прекугранична соработка. Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гуговска, за напролет ја најави новата фаза од програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Речиси 20 милини евра ќе бидат достапни за општините, невладининиот сектор и за други институции од источниот регион.

– Програмата би требало да почне со повик во март-април наредната година, со тоа што програмата веќе е усвоена од Владата на Македонија. Договорот за периодот до 2020 година е веќе потпишан од министерот за локална самоуправа. Фокусот е ставен на заштита на животната средина, на промоцијата на туризмот и на поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Македонија и на Бугарија – изјави Цветановска-Гуговска.

Покрај со Бугарија, актуелни се програмите за прекугранична соработка со Грција, Албанија и со Косово. Средствата се од европските фондови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...