fbpx

Претседателот Иванов го прими претседавачот на Воениот комитет на Европска Унија

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседавачот на Воениот комитет на Европска Унија, генерал Патрик де Роусиерс.

На средбата, Иванов и Де Роусиерс разговарале за македонските евроатлантски интеграции, учеството на АРМ во борбените групи предводени од Европскаа Унија, како и за унапредувањето на натамошната соработка на Република Македонија во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика и на заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија е целосно посветена на членството во Европска Унија и во НАТО и додал дека нашата држава дава значаен придонес за мирот, безбедноста и за стабилноста како во нашиот регион, така и надвор од него. Македонскиот претседател, во тој контекст, го истакнал учеството на АРМ во мировните мисии на ЕУ и на НАТО и порачал дека нашата поддршка ќе продолжи и во иднина.

Генералот Де Роусиерс изразил благодарност за придонесот и за активното учество на АРМ во европската безбедносна и одбранбена политика и го истакнал учеството на припадниците на АРМ во рамките на мисијата на ЕУ, „Алтеа“, во Босна и Херцеговина, и во борбените групи на ЕУ од 2012 и од 2014 година.

Генералот Роусиерс ја истакнал потребата од натамошно унапредување на соработка со Република Македонија, како дел од соработка помеѓу Европската Унија и земјите-партнери меѓу кои е и нашата држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...