fbpx

„Југохром“ го прекинува производството поради загадувањето

-

Фабриката „Југохром“ од Тетово, поради високото ниво на загадување на воздухот, соопшти дека од 31 декември до февруари следната година ќе го прекине производството.

„Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете печки кои се во функција, односно целосно затворање на производствениот капацитет. Прекинувањето на производството ќе трае од 31 декември до крајот на февруари следната година, кога, впрочем, и меторолошките услови најмногу влијаат на загадувањето на воздухот“, се вели во соопштението од менаџментот на „Југохром“.

Од фабриката соопштуваат дека ќе продолжат со сите планирани и веќе договорени активности за целосна имплементација на еколошките стандарди во согласност со законските прописи, односно инсталирање на системот за отпрашување во планираниот рок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...