fbpx

Асад: Само сирискиот народ може да одлучи дали можам да останам на власт

-

Башар ал Асад на шега регираше на неодамнешното соопштение на некои од преставниците на Западот, дека сирискиот лидер засега може да остане на власт. Западот претходно инсистираше на заминување на Асад од власта.

– Час ми велат оди, час ми велат остани. Им благодарам што ми дозволија да останам. Јас веќе си ги спакував куферите и сакав да си одам, но сега можам да останам – рече Асад во интервју за холандската телевизија НОС.

Асад во интервјуто вели дека само сирискиот народ може да одлучи за тоа дали тој ќе остане на власт во Сирија.

– Сирија е суверена држава. Дали претседателот е добар или лош одлучуваат Сиријците, а не Европејците. Ако сирискиот народ сака да ја напуштам мојата функција, јас сум подготовен да го сторам тоа – изјави Асад.

Според Асад, Европа, заедно со Турција, Катар и со Саудиска Арабија, ја претворила Сирија во земја која е расадник на тероризам. Тој смета дека Европа има неправилен пристап во борбата против тероризмот.

– Европските влади не успеаја да се изборат со интегранција на мигрантите во еврпското општество. Тие живеат во гета, а кога живееш во гето, стануваш екстремист – наведе сирискиот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...