fbpx

Основниот суд го одобри обвинението за „Диво Насеље“

-

Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинението за терористичка организација и за тероризам за 29 обвинети за случајот „Диво Насеље“. Сè уште не се знае точниот датум кога тие ќе седнат на обвинителна клупа. Денеска судот излезе со соопштение откако пред десет дена се одржа јавната седница за оцена на обвинителниот акт.

„Советот за оцена на обвинителен акт донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува, а приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани. По детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и на наводите на обвинетите и на нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оцена на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот, го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани“, пишува во соопштението.

Сега се очекува да се одреди надлежниот судски совет за постапување, по што ќе биде закажан термин за одржување на главната расправа, а за што судот дополнително ќе ја извести јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...