fbpx

Анкетната комисија денеска ќе решава за првите сведоци за прислушувањето

-

Денеска членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да го донесат планот за работа на комисијата и да достават списоци со предложени лица, кои ќе треба да сведочат околу прислушуваните разговори.

Седниците на Анкетната комисија ќе бидат пренесувани директно на собранискиот канал, освен кога ќе има пленарна седница. Во тој случај, тие ќе се реемитуваат.

Ниту претседателот на комисијата, Петре Шилегов од СДСМ, ниту, пак, Антонио Милошоски, еден од претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, не очекуваат да има некакви опструкции во работата на комисијата.

Милошоски се надева дека и покрај доцнењето при формирањето на комисијата, до крајот на јануари ќе биде подготвен извештајот од работата.

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту, пак, од СДСМ не откриваат кои лица ќе бидат први на листата за сведоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...