fbpx

Британија почна воздушни напади против ИД во Сирија

-

Британски авиони утринава почнаа да ги бомбардираат позициите на Исламска држава во Сирија, само неколку часа откако британскиот парламент го одобри почетокот на акцијата.

Четири авиони полетале во акција од британската база Акротири на Кипар. Неименуван претставник на министерството за одбрана на Британија соопшти дека мета на нападите биле цели во Сирија и најави повеќе детали во текот на денот.

Велика Британија веќе учествува во бомбардирање на позиции на ИД во Ирак, а пратениците вчера расправаа дали да се вклучат во воздушните напади во Сирија.

Расправата траеше повеќе од 10 часа, а на крајот 390 пратеници биле за проширување на нападите на Сирија. Против тоа беа 211 парламентарци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...