fbpx

Франција: Три џамии затворени по нападите во Париз

-

Три џамии во Франција се затворени по терористичките напади во Париз како дел од сузбивањето на екстремистичките активности, изјави Бернар Казнев, францускиот министер за внатршни работи.

Како што истакна Казнев, во Франција првпат се затворени џамии поради „радикализација“.

Една од џамиите, 35 километри источно од Париз, во местото Ланји-сур-Мар, беше мета на рација рано утринава, кога полицијата заплени еден пиштол со калибар девет милиметри, компјутерски хард диск и џихадистичка пропаганда.

По рацијата, едно лице е задржано во притвор, додека на 22 лица им е забрането да ја напуштат Франција.

Во куќен притвор се девет лица.

Другите две џамии, кои се наоѓаат во Лион и во Женева, се затворени минатата седмица додека траеше вонредната состојба.

Според зборовите на Казнев, од терористичките напади на 13 номеври во Париз, кога загинаа 130 лица, француската полиција запленила 334 парчиња оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...