fbpx

Земан: Бранот мигранти претставува организирана инвазија

-

Чешкиот претседател Милош Земан, кој често го изедначува тероризмот со исламот, изјави дека премиерот Бохуслав Соботка ја загрозува Чешка со тоа што целосно не ја препознава опасноста што ја претставуваат барателите на азил.

Земан во интервју за чешкиот весник „Млад фронт“ рече дека за разлика од премиерот, тој смета дека бранот мигранти преставува „организирана инвазија“.

Премиерот на Чешка претходно ја отфрли оцената на Земан дека миграцијата е поврзана со тероризмот. Тој рече дека е потребна борба против екстремистите од Исламска држава, а не против бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...