fbpx

Франција: Полицијата извела 800 акции по нападите во Париз

-

Француската полиција изведе 793 акции и претреси, соопшти министерството за внатрешни работи на Франција.

Минатата ноќ полицијата извела 182 акции, при кои се притворени 17 лица и запленети се 76 парчиња оружје и дрога, се наведува во соопштението.

Во акциите во текот на претходните пет ноќи, француската полиција уапсила 90 лица и запленила 174 парчиња оружје, од кои 18 парчиња биле пешадиско вооружување, 84 пушки и 68 пиштоли.

Покрај тоа, 164 лица се ставени во домашен притвор, што е овозможено со вонредната состојба, која е воведена по нападите во Париз минатиот петок.

Полицијата, исто така, запленила 250.000 евра. Францускиот сенат денеска попладне треба да гласа за продолжување на вонредната состојба на три месеци, што вчера беше одобрено од долниот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...