fbpx

Јолевски во САД се сретна со повеќе конгресмени

-

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, е во неколкудневна посета на САД. Тој вчера се сретна со републиканскиот конгресмен од Флорида, Џеф Милер, кој рече дека останува на Грција да ја препознае важноста на моментот во Европа.

– Поради новите безбедносни промени во Европа, потребно е Македонија да биде дел од НАТО. Се надевам дека некои земји, како Грција, ќе разберат дека сега се работи за безбедноста, што е најважно во овој момент – изјави конгресменот Милер.

Јолевски се сретна со десетина конгресмени и сенатори, во пресрет на декемврискиот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, на кој се очекува да се постави агендата за варшавскиот самит на НАТО во 2016 година.

Министерот Јолевски додаде дека на средбите со американските функционери и конгресмени биле изнесени пофалби за македонските реформи и за стратегиското партнерство со САД во областа на одбраната и била изразена подготвеност за соработка во справувањето со бегалската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...