fbpx

Филмот „Три дена во септември“ утре премиерно пред штипската публика

-

По минатонеделната проекција на филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“, љубителите на седмата уметност во Штип, оваа недела ќе имаат можност да го прогледнат „Три дена во септември“.

Филмот на режисерот Даријан Пејовски премиерно ќе се прикаже утре, а на репертоарот на мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе биде до четврток. Филмот е психолошки трилер, со два женски лика, кои ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Главните улоги ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

По 20 ноември, во рамките на „Месецот на новиот македонски филм“, ќе биде прикажан и филмот „Татко“, режисерско деби на Висар Морина.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...