fbpx

Кекеновски и Новковски исклучени од ФРОДЕМ

-

Јове Кекеновски и Ненад Новковски не се повеќе членови на ФРОДЕМ затоа што нивните амбиции и цели биле политички и во интерес на некоја партија, со една цел – да се излезе на избори, известија од партијата.

„Од тие причини, не се повеќе дел од фронтот. Во таа насока, нивните изјави не го претставуваат истиот. Треба да биде јасно, дека ФРОДЕМ останува верен на основната цел и продолжува со својата долгорочна мисија, како коректив на севкупните политичко-општествени состојби. Нашата мисија продолжува во насока на нудење конкретни решенија за актуелните проблеми и состојби, во една долгорочна и одржлива визија за развој и за просперитет на граѓанинот и на македонското општество. ФРОДЕМ, под водство на Трифун Костовски, функционира во насока да го промени досегашното дејствување и размислување на двете најголеми партии, да се бориме против епидемијата на заминување на младиот способен кадар и да дејствуваме граѓанинот да биде ставен на прво место со сите негови квалитети и доблести“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Оттаму појаснуваат дека на Трифун Костовски и на ФРОДЕМ не им е приоритет да излезат на избори и да обработуваат некои тесни партиски или политички интереси.

„Во Македонија постои спротивна перспектива – наместо оние кои се на владејачките позиции да му служат на граѓанинот, граѓанинот е ставен во служба на нивните партиски и поединечни интереси. Сакаме таа грешка да ја поправиме и да укажеме на важноста на секој еден човек во општеството, со тоа што ќе ги акцентираме неговите потреби, ќе ги мотивираме неговите капацитети, да биде вклучен во процесите на одлучување и на креирање на сопствената иднина. Тоа е вистинска демократија – партиципативност, соработка на граѓаните со тие на кои им е дадена довербата да ја водат државата“, велат од ФРОДЕМ, додавајќи дека Јове Кекеновски и Ненад Новковски за многу кратко време се откажаа од таквата идеја и визија и со тоа самите одлучија повеќе да не припаѓаат на Фронтот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...