fbpx

Грчева: Ниту со овој Изборен законик нема надеж за плурализам

-

Точно е дека оваа политчка криза требаше да заврши со договор, но спорна е процедурата и голем број одредби од Изборниот законик, рече независната пратеничка Солза Грчева на пленарната собраниска седница на која се расправа за Изборниот законик.

Според Грчева, Изборниот законик не остава простор за плурализам и за праведен натпревар меѓу сите политички партии.

– Исто како во народната изрека „Сложни браќа во петок мрсат“, четирите најголеми политички партии си го договорија рекламирањето и финансирањето на партиите. Со овој Изборен законик, надеж за плурализам нема. Според ова што го гледам во Изборниот законик, и на наредните изобри ќе имаме ист избирачки список како и на претходните. Вие сакате да направите теренска проверка за неколку месеци, но нема никакви шанси да го постигнете тоа – рече Грчева.

Таа ги критикуваше предлагачите на законот и за тоа што не предвиделе ниту еден член за одвојување на партијата од државата.

– Во ситуација кога имаме МВРО-ВМРО, во Изборниот законик нема ниту еден член во кој се одвојува партијата од државата – додаде Грчева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...