fbpx

Филмот „Медена ноќ“ прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Солун

-

Македонскиот игран филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков беше прикажан во Солун, на првата вечер на реномираниот Меѓународен солунски филмски фестивал. Филмот помина во одлична атмосфера во преполната сала на киното „Ставрос Торнес“, каде во петокот се проектираше последното филмско остварување на Трајков инспирирано од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите чешки сценаристи на сите времиња.

Претставувањето на филмот на годинешното, 56. издание на Меѓународниот филмски фестивал, воедно е и прво претставување на филмот во официјална селекција на меѓународен филмски фестивал. Филмот беше прикажан во делот на програмата филмски остварувања од балканските држави „Поглед кон Балканот“.

„Медена ноќ“ ќе има и втора проекција во рамки на програмата во фестивалот на 13 Ноември. На втората проекција во Солун се очекува да присуства продуцентот на филмот, Роберт Јазаџиски.

Филмот финансиски е поддржан од Филмскиот фонд, а истиот е номиниран од Република Македонија во категоријата на филмови од странско говорно подрачје за годинешните награди „Оскар“ за најдобри филмски остварувања.

На Меѓународниот филмски фестивал последен пат се прикажуваше долгометражен филм во 2011 година, кога беше претставен филмот „Панкот не е мртов“, додека минатата година македонски филмови беа прикажани пред филмски експерти во деловите „Agora“ и „Crossroads“ наменети повеќе за филмски маркетинг и за соработка, отколку за пошироката публика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптерот со иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...