fbpx

Утре почнува обврската за носење зимска опрема во возилата кога се движат надвор од населено место

-

Од утре, сопстевниците на возила имаат обврска задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата кога се движат по пат надвор од населено место.

Обврската, која е пропишана со Законот за безбедност во сообраќајот, ќе биде на сила од утре, 15 ноември, до 15 март идната година, информираат од МВР.

Казната за неносење зимска опрема и непридржувањето до законските прописи изнесува 15 евра.
Од МВР истакнуваат дека во согласност со пропишаните норми, сообраќајните полицајци можат да исклучат возило од движење доколку не носи зимска опрема на пат каде со знак е пропишана оваа обврска, а може и да го прекинат движењето на возилото и ако не постои знак, но условите на патот го бараат тоа.

– Во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, апелираме до граѓаните да се придржуваат до пропишаните законски обврски – велат од МВР.

Што вели правилникот по однос на потребната зимска опрема, Ви пренесуваме интегрално:

„1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 милиметри.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

2.Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 милиметри.
– пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина,од најмалку 4 милиметри. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

3. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми се подразбира:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите што газат по обем и широчина, од 6 милиметри.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат – лопата.

4. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

5. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...