Откако претходно почнал расправија со жена поради напасување добиток, прилепчанец, на возраст од 55 години, на 20 септември, околу 15 часот, во месноста Под црква во атарот на селото Крушевица, Прилепско, со стап ја нападнал, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.
МВР соопшти дека против прилепчанецот е покрената кривична пријава.