fbpx

Трајановски се сретна со борците од НОБ

-

Во чест на 70 години од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија. Борците на средбата во кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 70 години, а градоначалникот Трајановски изрази длабока почит кон нив и благодарност за нивниот придонес за ослободувањето на Скопје.

– На средбите со вас, особено на 13 Ноември, а годинава славиме 70-годишнина, се обидуваме да се сетиме на некои моменти од историјата и на вашите заложби Скопје да биде ослободено, но ова е и одлична можност да се договориме какви чекори треба да преземеме за зачувување на тие спомени и добри дела, што беа пример за нашите генерации, но и за генерациите што доаѓааат. Јас и граѓаните на Скопје чувствуваме неизмерна почит за борците кои пред точно 70 години ги дадоа животите за слободата на овој град. Градот Скопје планира до март 2015 година да ги возобнови Споменикот на стреланите и Работилницата за производство на експлозивни направи, односно граѓаните да имаат можност оваа работилница да ја посетуваат како музејски објект – истакна Трајановски.

За време на средбата, борците-ослободители на Скопје му се заблагодарија на градоначалникот Трајановски за приемот, како и за добрата соработка и за поддршката, што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...